kangaroopro-100656066-large

Мини десктоп компјутерите можеби не се претерано чести, но се покажаа како одлично решение за оние кои од својот телевизор сакаат да направат целосен Windows 10 или Linux компјутер, односно за оние кои сакаат преносливо решение.

InFocus е еден од најпознатите производители на вакви мини компјутери, кој по Kangaroo Mobile Desktop, сега ја претставува “Pro” верзијата, која донесува неколку важни подобрувања и можности, но секако во поголемо тело.

zc5l8s83pmyxjpt7obhm

Главната разлика кај овој модел е во надворешното куќиште, кое сега доаѓа со многу повеќе приклучоци. Така, овој модел сега има HDMI, VGA, Ethernet, една USB 3.0 и две USB 2.0 порти, 3,5 mm излез за аудио, како и можност за ставање на дополнителен 2,5 инчен HDD или SSD диск, што драматично го намалува ограничувањето од малиот вграден простор од 32 GB.

За некого ограничувачки може да бидат и останатите внатрешни компоненти, иако компјутерот носи “Pro” во името. Процесорот е Intel Atom x5-Z8500 кој работи на 1,44 Ghz, помогнат од само 2 GB рам. Во превод, не очекувајте да работите на сериозни програми на овој уред, но за сурфање и Office ќе заврши работа. InFocus Kangaroo Desktop Mobile Pro има и вградена батерија, која според производителот трае 4 часа со едно полнење.

500278-kangaroo-pro-main

Интересно, новото “Pro” куќиште е компатибилно со InFocus модулот, што значи дека актуелните корисници можат да го надградат без потреба да купуваат нов.

Извор: PCMag, PCWorld, Gizmodo

Претходна статијаIntel ќе претстави нови Pentium и Celeron чипови за евтините лаптопи и десктопи
Следна статијаВреме е за стартап – дел 4