По претставувањето на новата, дванаесетта генерација на чипови за десктоп компјутерите минатата година, Intel сега ги претстави и чиповите од оваа генерација наменети за лаптоп компјутерите, најавувајќи големи подобрувања кај перформансите кај најтенките компјутери.

Дванаесеттата генерација на Intel чиповите донесува хибриден начин на работа кој во главно беше карактеристичен за чиповите кои ги гледаме кај мобилните. Оваа значи дека Intel Core 12th Gen работат со комбинација од јадра наменети за перформанси и јадра наменети за заштеда на енергија.

Ова прави голема разлика во потрошувачката на енергија, како и генерално перформансите на компјутерите.

Новата генерација кај лаптоп компјутерите донесува чипови од P и U серијата. Според најавите, Core i7-1280P, кој е најсилниот во серијата, треба да донесе до 70% подобрување во споредба со ланскиот модел со вградена графика, а од компанијата најавуваат подобри перформанси дури и од нивниот најсилен процесор од минатата година.

Intel Core i7-1280P е чип со 14 јадра, од кои 6 јадра се за перформанси и 8 јадра се за заштеда на енергија. P јадрата, односно тие за перформанси, функционираат до 4,8GHzи трошат 28 вати енергија која може да оди до 64 за Max Turbo брзините.

Intel Core i7-1265U од друга страна, како што кажува и неговата буква, е повеќе штедлив чип кој доаѓа со 10 јадра, две за перформанси и 8 за заштеда на енергија, а работи на 15 вати со можност за работа до 55 вати кога тоа е потребно.

Тоа што може да се прочита досега за дванаесеттата генерација на Intel чиповите е одлично за конкуренцијата на пазарот, па останува да видиме како ќе се покажат кога ќе почнат да се продаваат со првите компјутери од идниот месец.

Главната споредба, покрај со AMD, ќе се прави и со чиповите на Apple, кои иако се со различна архитектура, минатата година почнаа да се споредуваат со чиповите од Intel и се покажаа како доста подобри.

ИЗВОРEndgadget
ИЗВОР 2Intel
Претходна статијаTesla автомобилите ќе добијат поддршка за играње на Steam игрите
Следна статијаЗоран Спасов Ѕоф: Понудата за аквизиција на Aspire Global од страна на NeoGames дополнително ќе го зголеми растот на BtoBet
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.