Фото: Tesla

Познатиот сопственик на Tesla, како и на SpaceX, преку Twitter најави дека од компанијата работат на додавање на поддршка за Steam игри во своите автомобили. Тој истакна дека поддршката за сите игри од Steam е нешто на кое би работеле подолгорочно, за разлика од додавањето на поддршка на само неколку игри.

Новите модели од Tesla доаѓаат со поголем 17 инчен екран кој е и поставен во „landscape“ позиција, за разлика од претходните модели, па играњето на игри е нешто што дефинитивно би можело да се прави како активност.

На ова треба да се додаде хардверот кој стои зад овој екран кој има четири јадрен Ryzen Embedded процесор, како и графички процесор кој е направен на основа на RDNA 2 архитектурата. Според Tesla, нивниот систем може да се носи со било која од играчките конзоли на пазарот.

Додавањето на можноста за играње на Steam игрите не би било прва можност за играње во овие автомобили. Tesla автомобилите веќе нудат повеќе начини за забава, преку игри, Netflix и слично, а од  компанијата веруваат дека овие работи ќе бидат важни во иднина кога автомобилите сами ќе возат.

Моментално Tesla не смее да овозможи играње на игри додека автомобилот се движи, барем не на главниот екран до возачот, па ваквите функции секако се развиваат повеќе за во иднина.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаGoogle ја откажа обврската за вработените да бидат вакцинирани за да не бидат отпуштени од работа
Следна статијаIntel ги претстави чиповите од 12та генерација за лаптоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.