Фото: Shutterstock.com

При крајот на минатата година Google драстично ги заостри мерките поради COVID-19 барајќи од вработените задолжителна вакцинација, иако истата мерка која требаше да биде донесена на федерално ниво, по предлог на претседателот Бајден, беше спречена од страна на федерален суд.

Од компанијата им дадоа рок на вработените да дадат доказ за вакцинација или медицинска или верска причина зошто не можат да бидат вакцинирани, во спротивно почнувајќи од 18 јануари, тие прво ќе бидат ставени на платено отсуство, па на неплатено, по што ќе бидат отпуштени.

Останува нејасно зошто во целата оваа приказна не се зема во предвид природниот имунитет кој повеќе пати е докажано дека е во најмала рака на исто ниво со вакциналниот, но најчесто подобар и подолготраен.

Од компанијата првично не го испочитуваа рокот даден до 18 јануари, а сега целосно се откажаа од оваа контроверзна мерка за присилна вакцинација на вработените. Вработените веќе не мора да бидат вакцинирани за да го задржат своето работно место, а исто така ќе можат да се вратат во канцелариите со останатите вработени.

Сепак, за невакцинираните, тука повторно не е споменуваат прележаните, ќе мора да почитуваат неколку дополнителни мерки кои нема да важат за вакцинираните вработени, како носење на маски и слично.

Од компанијата најавија дека повторно ќе ги вратат некои од познатите нивни активности, како што се вежбални за вработените, масажи и слично.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2The New York Times
Претходна статијаFacebook Reels пуштени за сите корисници на Android и iOS
Следна статијаTesla автомобилите ќе добијат поддршка за играње на Steam игрите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.