spacex

Фантастичниот Елон Маск минатата година го привлече вниманието со неговите планови за патување од град до град на планетата Земја со помош на ракети дизајнирани за вселена. Тогаш неговите планови, како и обично, ни изгледаа преамбициозни. Кој би помислил дека тоа би можело да се изведе?

Сепак, на завчерашната TED конференција во Ванкувер, Gwynne Shotwell, претседателката на SpaceX и CTO во истата компанија ги повтори плановите на компанијата. Таа најави дека таква технологија би била овозможена во рок од една деценија и дека е многу веројатно во тој период да стане оперативна.

“Тоа дефинитивно ќе се случи” – изјави претседателката. Во меѓувреме, нивните амбиции не запираат тука. Откако лансираа кола во вселената, следниот чекор е и да патуваат до Марс. Да, добро прочитавте. Плановите на Елон Маск и неговата дружина да ја освојат вселената изгледаат сериозни.

Како и да е, сешто може да се случи за една деценија. Мислам, размислете, Facebook скоро славеше 10 години постоење, а веќе имаше влијание на претседателските избори. Зошто не би се случило нешто што би го сменило текот на работата на SpaceX? Аналогијата е таа, факт е дека технологијата и науката премногу напреднаа, така што веќе ништо не може да не изненади. Или…сепак може?

Идејата е да се изгради многу голема ракета, која би имала носивост од околу 100 луѓе и истата да може да лета како авион. Ракетата треба да биде проектирана така да патува од една до друга точка на Земјата многу побрзо отколку авион. Според изјавите на Shotwell, половина пат околу светот би можел да се реализира за 30 – 40 минути. Неверојатно.

“Јас сум посветена на ова” – рече Gwynne. “Тоа е затоа што јас патувам многу, а не сакам кога времето ми поминува во чекање. Би сакала да можам да ги видам моите клиенти во Ријан, да заминам утрото и да бидам назад дома за вечера”. Звучи едноставно.

Сепак, многу прашања остануваат неодговорени. Колку би чинел ваков билет? Според Ријан, цената би требало да се движи помеѓу билет за економска и бизнис класа за авион, но дали проекциите се реални, ако земеме во предвид дека ваквата ракета се’ уште не е тестирана и не се земени во предвид сите трошоци?

Во секој случај, дефинитивно не’ очекуваат можеби највозбудливите години од постоењето на човештвото. Да се биде во можност да се патува од едно на друго место во рок од половина час, а зборуваме за оддалечени точки на планетата Земја е…или да можете да учестувате во интерпланетарни патувања, зарем тоа не е фасцинантно?

Ќе ве оставам да размислите.

Возбудливи времиња, како и да е.

Претходна статијаInstagram го претстави Focus – нов ефект наменет за портрет сликите
Следна статијаЕвропа сака да им даде права на роботите како на луѓето?