Mark Zuckerberg

Скандалот со Cambridge Analytica ни е познат на сите. Како што можевте досега да видите, основачот на Facebook, Mark Zuckerberg, сведочи втор ден пред Сенатот на САД. Главните прашања воглавно се однесуваат на бизнис моделот на социјалната мрежа, како и на тоа како се регулира приватноста и достапноста на податоците на корисниците.

Јас комплетно ве разбирам, невозможно е да се биде во тек со сите пренесувања на странските медиуми. Од тие причини, за вас ќе ги издвоиме само најважните моменти кои од последните два дена. Како ќе се развиваат работите? Ајде да видиме заедно за што станува збор.

Сведочењето на Mark траеше околу 5 часови. Првиот поинтересен момент беше кога конгресменката Anna Eshoo го праша Zuckerberg дали се продадени податоци на корисниците на некоја трета страна за нивна употреба. Одговорот на Mark беше краток: ДА. Како што веќе ни е познато, ова се изведе со помош на апликација за квиз која оперираше назад во 2014 година. Потоа, тие податоци беа искористени за да се направи таргетирање и микромаркетинг на корисниците за време на претседателските избори во САД.

Вториот интересен момент е прашањето за бизнис моделот на Facebook. Дали тие ќе го сменат нивниот начин на заработување? Одговорот е – НЕ. Mark најави дека тие работат на ажурирање на апликацијата со нови алатки со цел да се заштити приватноста на корисниците. Како и да е, некои промени во начинот на кој Facebook функционира (впрочем, како што и досега тој функционираше) нема да има.

Третиот интересен момент е воведувањето на нова регулатива.  Како што се сложи и Zuckerberg, тоа мора да се случи. Како и да е, тој смета дека треба да се биде внимателен при воведувањето на истата, во смисла дека треба да биде промислена и добро анализирана. Јас наполно се согласувам со ова. Редно време беше да се преземат конкретни чекори по ова прашање.

Не знам дали сте запознаени, но на светско ниво, сме релативно назад во правен поглед, од аспект на заштита на податоците. Европскиот закон за заштита го донесоа пред некоја година. Како и да е, сеуште не располагаме со доволно регулативи со цел да се заштитат корисниците. Аналогно, тоа им дава многу простор за бизнис заработка на апликациите, кои ги користат ваквите недостатоци максимално,

Facebook

Четвртиот интересен момент се изборите. Mark јасно даде до знаење дека тој и неговиот тип работат напорно со цел да овозможат сигурност за сите идни избори, без оглед дали тие се одржуваат во Америка или на некое друго место во светот. Поконкретно, во изработка се алатки кои ќе употребуваат вештачка интелигенција со цел да детектираат малициозни или лажни профили чија единствена цел е ширење на лажни вести и пропаганда.

Како и да ја свртиме работата, ситуацијата воопшто не е лесна за Facebook. Потребно е да помине доста време додека се средат работите и се врати назад довербата во мрежата. На нас останува само да почекаме и да одлучиме дали индивидуално ќе го  санкционираме пропустот кој им се случи. Многумина се приклучија на кампањата #deleteFacebook.

Што би направиле вие и што мислите дека е најдобро решение? Како социјалните мрежи ќе играат улога во идните важни случувања и креирање на јавното мислење?

Споделете го вашето размислување во коментар.

Желни сме да го чуеме 🤗

ИИИ, не заборавајте, следете не’ на социјалните мрежи 🤞