Колку и да звучи незамисливо, Европа сериозно размислува за тоа да им даде права и одговорности на напредните роботи. Замислете како би изгледало тоа да треба да донесете робот на судење, да речеме, доколку направил нешто несоодветно. Факт е дека сме оддалечени со децении од комплетно автономни роботи, кои ќе можат самите да учат и да бидат блиску до однесувањето на човек.

Сепак, се чини дека тоа не го премисли Европскиот парламент да донесе резолуција според која би се донел специјален легален статус за најсофистицираните автономни роботи. Таквиот статус би можел да им овозможи на роботите да бидат осигурани. Покрај ова, тие би биле одговорни за штетите кои би настанале, доколку се однесуваат непријателски и почнат да ги повредуваат луѓето или да го оштетуваат имотот на кој оперираат. Овој предлог е разгледан од Европската Комисија, едно од највисоките тела во рамките на Европската Унија.

Повеќе од 150 експерти во вештачка интелигенција, медицинските науки, како и роботика, право и етика беа инволвирани во дискусии по ова прашање во текот на вчерашниот ден, со јасно предупредување што би можело да донесе ваквата регулатива. Тие напишаа отворено писмо до Европската Комисија, во кое јасно ги образложуваат опасностите и предизвиците со кои би можеле да се соочиме доколку ова стапи во сила. Главната идеја е дека сето ова личи на sci – fi сторија, отколку нешто што треба да се случи во реалниот свет. Зарем вам не ви изгледа така?

Вештачката интелигенција може да ни донесе големи придобивки за нашето општество и економија. Сепак, истовремено, се покренуваат разни прашања, поврзани со нејзиното влијание врз нашето општество и иднината на работата”, изјави портпаролот на Комисијата. Експертите велат дека предлогот на Европскиот Парламент би можел да им дозволи на производителите, програмерите и сопствениците на роботи да тврдат дека не се одговорни за нив. Последиците на ваквото однесување и оградување од можни несреќи и трагедии би биле незамисливи.

Целата работа изгледа како епизода од Black Mirror. Наполно се сложувам со тоа дека треба да создаваме правни регулативи во областа на ИТ, како и заштита на податоците на корисниците и слични теми, но давање права на роботи? Незамисливо. Колку сме ние спремни за такво нешто? Колку ние ко индивидуална земја сме спремни за такво нешто?

А вие секако пишете ни ги во коментар вашите размислувања.

Нетрпеливи сме да прочитаме.

Претходна статијаЌе бидеме во можност да патуваме околу светот за половина час во рок од декада?
Следна статијаКако ќе изгледа новиот дизајн на веб верзијата од Gmail