Промени во Instagram, кои беа најавени во март, почнуваат да се применуваат од страна на мрежата и имаат за цел да им овозможат на младите корисници побезбедно и приватно искуство. Промените вклучуваат неколку новини кои во главно се однесуваат во намалување на можноста за интеракција на младите корисници со постарите кои се означени како сомнителни.

Првата мерка која ја воведува Instagram е автоматско поставување на приватен профил кога корисниците под 16, а во некои земји и под 18 години, за првпат креираат нова сметка. Ова досега беше оставено како избор на корисниците, но од компанијата истакнуваат дека тие почесто избирале да имаат приватна сметка.

Приватен профил значи дека само тие што корисникот има одобрено да го следат можат да ги видат нивните слики, Stories, Reels, а корисниците исто така треба да одобрат дали нивната содржина може да биде споделувана од други корисници.

На овој начин, истакнуваат од Instagram, возрасните корисници кои не ги познаваат овие малолетни корисници, нема да можат да ги гледаат нивните слики, како и да започнуваат несакана комуникација.

Постојните корисници под 16 години кои имаат јавни профили ќе бидат известени за предностите на приватните профили и ќе им биде понудено ако сакаат да го направат својот профил приватен. Можноста за било кој од овие корисници да го направи својот профил јавен, секако останува.

Втората новина, исто така од Instagram ја поврзуваат со постарите корисници, повторно е поврзана со намалувањето на несаканите интеракции на младите корисници со постарите. Од мрежата истакнуваат дека сметките на постарите корисници кои покажале сомнително однесување, што значи да биле блокирани или пријавени од малолетен корисник, нема да им бидат прикажувани профилите на младите корисници во предлозите, во Explore делот, а нема да им бидат прикажувани ни коментарите кај други корисници.

Доколку овие постари и означени како сомнителни корисници сепак пронајдат некој малолетен профил по име, нема да можат да почнат да го следат.

Последната новина е поврзана со рекламите кои им се прикажуваат на младите корисници, односно на тие под 16 години. Огласувачите ќе можат да ја користат само возраста, локацијата и полот на младите корисници за реклами, но не и останатите интереси кои се користат за таргетирање на корисниците.

Кога корисниците ќе наполнат 18 години, ќе бидат известени за можностите за гледање на реклами, па ќе можат ако сакаат да изберат да им бидат прикажувани повеќе релевантни реклами.

Оваа промена се воведува не само за корисниците на Instagram, туку за сите апликациите под Facebook, односно и кај Facebook и Messenger.

ИЗВОРInstagram
Претходна статијаMicrosoft нема да дозволи инсталација на Windows 11 на некомпатибилните компјутери
Следна статијаЛажни инсталации на Windows 11 инсталираат малициозен софтвер наместо новиот оперативен од Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.