За разлика од стратегијата која Microsoft ја имаше со Windows 10, а тоа е што повеќе корисници да го инсталираат овој оперативен систем, со Windows 11 тоа изгледа до некаде ќе се промени. Microsoft овој пат ќе нема за цел да сите корисници на Windows 10 преминат на Windows 11, а посебно тие кои имаат постари компјутери.

Со други зборови, Microsoft потврди дека останува на првичните побарувања на Windows 11 за компјутерите и истакна дека на корисниците кои не ги задоволуваат нема да им биде дозволено да го инсталираат системот, односно да го надградат својот компјутер.

Од компанијата истакнаа дека за разлика од Windows 10, корисниците нема да можат да го исклучат некомпатибилниот хардвер како фактор преку Group Policy. Windows 10 преку информациите кои ги испраќа за компјутерот до серверите на Microsoft, „самиот“ ќе знае дали е или не компатибилен со Windows 11. Доколку не е, надградбата ќе биде блокирана и нема ни да им биде понудена на корисниците.

Овие информации доаѓаат од видео со прашања и одговори од Microsoft Tech Community, кое можете да го погледнете во продолжение.

Во основа, главната причина поради која Windows 11 нема да им биде понуден на одредени корисници е достапноста на TPM 2.0 во процесорите, нешто што го има од Intel 8ма генерација, односно некаде од 2017 година. Постарите компјутери, иако сега им се дозволува да ги инсталираат тест верзиите од Windows 11, сепак нема да бидат компатибилни кога ќе стане достапна финалната верзија во есен.

Од Microsoft истакнуваат дека со Windows 11 сакаат да бидат сигурни дека корисниците нема да мислат за компатибилноста на својот уред и дека системот ќе функционира без проблеми, а посебно се истакнува и безбедноста, поради што е и побарувањето за TPM 2.0.

Тоа што останува нејасно е дали корисниците кои посебно ќе го додадат овој модул на своите компјутери кои самите ги имаат составено, ќе можат да го инсталираат Windows 11 или сепак инсталацијата ќе биде ограничена на верзијата од процесорот.

ИЗВОРTom's Hardware
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаБајден ги издвојува зачестените сајбер напади како главна причина за војна со некои од големите сили
Следна статијаInstagram ќе ги штити помладите корисници од постарите и сомнителни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.