Microsoft официјално го претстави Windows 11 минатата недела и може да се каже дека оценките на повеќето беа позитивни. Со Windows 11 Microsoft ја прекинува „традицијата“ на добра, па лоша верзија од Windows.

Сепак, една работа не помина баш најдобро и остави прашалници кај голем број на корисници кои би сакале да ја искористат бесплатната надградба на Windows 11 кога ќе стане достапен од оваа есен.

Се работи за минималните побарувања на Windows 11 поради кои голем број на корисници добија одговор од алатката на Microsoft дека нивниот компјутер нема да може да работи со новиот оперативен систем. Оваа алатка не дава објаснување зошто е тоа така, па подоцна излегоа информации дека се работи за која генерација е процесорот поради достапноста на одредени функции кај нив.

Microsoft во меѓувреме ја повлече алатката и најави дека повторно ќе ја пушти со пуштањето на финалната верзија од Windows 11, која се верува дека ќе биде пуштена во октомври оваа година. Од компанијата исто така објаснија зошто толку компјутери не се компатибилни со системот, па сега е појасно за што се работи.

Од Microsoft објаснуваат дека побарувањата на Windows 11 се поврзани со безбедност, стабилност и компатибилност. Поради тоа потребни се одредени карактеристики кои ги имаат процесорите од 8ма генерација кај Intel, Zen 2 кај AMD и 7ма и 8ма серија на Qualcomm.

Карактеристиките кои се достапни кај овие генерации од процесорите се TPM, Secure Boot, VBS и слични, а сите овозможуваат подобра безбедност, а од компанијата тврдат дека уредите кои ги имаат овие карактеристики имаат до 60% помалку малициозен софтвер.

Исто така, овие процесори овозможуваат и подобра стабилност, а Microsoft истакнува дека 99,8% од овие уреди немаат проблем со кочење на системот и слично.

Главната информација од оваа објава на Microsoft е дека тие сепак ќе ги тестираат уредите со 7ма генерација од процесорите на Intel и Zen 1 од АМД, кои можат да ги инсталираат тест верзиите од Windows 11. Доколку тие се покажат како што треба, од компанијата можат да одлучат да дозволат корисниците кои ги имаат овие процесори да ја добијат надградбата на Windows 11.

Доколку од компанијата се одлучат да го дозволат ова разликата нема да биде мала. Од само неколку години стари компјутери, Windows 11 ќе можат да го инсталираат и корисниците со компјутер стари и околу 10тина години.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаТелеком Австрија може да ги земе предвид Huawei и ZTE за 5G мрежите
Следна статијаДостапна првата тест верзија од Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.