Како што се очекуваше, Microsoft најави дека надградбата на Windows 11 ќе биде бесплатна за сите корисници на Windows 10, односно за тие чии компјутери ќе бидат компатибилни, а од тоа што го видовме досега, изгледа тоа ќе бидат компјутерите кои не се постари од 3 до 4 години.

Од оваа недела Windows 11 ќе стане достапен преку Windows Insider програмата, а од есен се очекува да биде пуштена финалната верзија достапна за сите корисници.

Сепак, Microsoft нема веднаш да почне да им ја пушта надградбата на Windows 11 на корисниците, а тоа се планира да се почне од првата половина на идната година. Ова најверојатно е поради можните проблеми кои знаат да се појават при надградбите на Windows, па Microsoft ќе оди по побезбедниот пат и ќе се погрижи Windows 11 да не започне со лоши кориснички искуства.

Ова се однесува на пуштањето на надградбата како понуда за корисниците во Windows Update, без корисниците да имаат самите проверено за нови верзии.

Тие кои сепак сакаат порано да го инсталираат Windows 11, тоа ќе можат да го направат кога ќе стане достапен. Дури и да не биде достапен преку Windows Update, Microsoft сигурно ќе го овозможи преку алатката која и сега се користи за порано инсталирање на нова верзија од Windows 10.

ИЗВОРMSPowerUser
Претходна статијаApple почна да им испраќа предупредувања на објавувачите на неофицијални информации за нивните производи
Следна статијаТелеком Австрија може да ги земе предвид Huawei и ZTE за 5G мрежите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.