Веќе со години се нема случено да производите кои се претставуваат на посебни настани, за првпат ги гледаме на тој настан. Повеќе информации за нивните карактеристики, слики и видеа се објавуваат месеци однапред, па официјалниот настан е тука да ги потврди овие информации, а некогаш останува и уште нешто додатно.

На Apple изгледа повеќе не им се допаѓа оваа практика, па тие почнале да испраќаат предупредувачки писма до неколку од познатите таканаречени „протекувачи“ на информации.

Најпознат од нив е „Kang“ кој има објавено повеќе информации кои се имаат покажано точни по претставувањето на производите од Apple. Тој сега ќе престане со објавување на одредени информации поради правните мерки кои се закануваат да бидат преземени од страна на Apple.

Од компанијата вакви практики истакнуваат дека можат да им дадат вредни информации на конкурентите, а исто така да ги измамат корисниците поради тоа што не секогаш тие се точни.

Ова најверојатно е првпат овие години некоја компанија директно да преземе мерки за престанување на објавата на информации пред официјалните настани каде тие ги претставуваат своите производи.

Иако не веруваме дека од Apple ќе можат било што да променат, сепак можеби не би било лошо да ваквата практика се намали до некаде и да се врати исчекувањето на настаните каде за првпат ќе можеме да видиме што ново претставуваат компаниите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПроектот “m.Health” е победник на Хакатонот “Е-Здравство” на ФИТР и РОШ Македонија
Следна статијаБесплатната надградба на Windows 11 ќе им биде пуштена на корисниците од идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.