Фото: Shutterstock.com

Изминатиот период можевме да прочитаме за зачестени случаеви на сајбер напади кои беа насочени кон системи кои не ретко се користат и од страна на владините институции во САД. Покрај зачестените класични сајбер напади, зачестени се и „ransomware“ нападите, а очекувано обвинети за овие дејствија се Русија и Кина.

Претседателот на САД, Џо Бајден, за време на посетата на канцеларијата на Директорот за Национално Разузнавање, покрај повеќе други теми, говореше и за случувањата на зачестени сајбер напади.

Тој овие напади ги истакна како една од главните причини поради кои може да се дојде до војна, поточно вистинска војна, со некоја од големите светски сили.

„Знаете, видовме како сајбер заканите, вклучувајќи ги и ransomware нападите, зачестено се во можност да причинат штета и нарушување во вистинскиот свет. Не можам да го гарантирам ова и вие сте информирани колку што сум јас, но мислам дека е повеќе веројатно дека ќе завршиме – па, ако завршиме во војна, вистинска војна со пукање со голема сила, ќе биде како последица од сајбер пробив со големи последици. И се зголемуваат експоненцијално – способностите.“ – истакна Бајден.

Тој веќе разговараше со претседателот Путин на оваа тема, кога за првпат се сретнаа оваа година. Бајден има истакнато дека САД нема да седат мирно доколку продолжат сајбер нападите од руска територија.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаTM Roh објави што можеме да очекуваме за следниот Samsung Unpacked: Се отвора нова ера од иновации на паметни телефони
Следна статијаMicrosoft нема да дозволи инсталација на Windows 11 на некомпатибилните компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.