Instagram најави неколку новини кои треба да ја подобрат безбедноста на малолетните корисници на нивната мрежа. Овие новини се или веќе воведени кај дел од корисниците или ќе бидат во периодот што следи, а за сите корисници може да се очекуваат наскоро.

Првата промена која ја најавуваат од Instagram е користење на вештачката интелигенција и машинското учење за подобро одредување на возраста на корисниците генерално, но и на тие кои креираат нова сметка. За некој да може да креира сметка мора да има најмалку 13 години, но не ретко корисниците лажат за својата возраст со цел да можат да ја креираат сметката.

Не е баш јасно како ќе функционира оваа технологија од Instagram за откривање на тие кои лажат за својата возраст, па останува да видиме во иднина.

Втората новина која се најавува е забраната за комуникација со малолетни лица од страна на возрасни, доколку малолетното лице не го следи полнолетниот корисник. Кога корисникот ќе се обиде да прати порака на малолетното лице, истото нема да му биде дозволено, а ќе добие и информација.

Instagram исто така ќе ги информира малолетните корисници да бидат повеќе внимателни кога комуницираат на мрежата. Покрај тоа што ќе им бидат дадени неколку совети, тие ќе бидат известени доколку комуницираат со возрасна личност која има покажано сомнително однесување на мрежата, како на пример многу испратени покани за пораки и следење на малолетни лица.

Корисниците ќе можат да го блокираат овој корисник, да го ограничат или да го пријават.

Покрај ова, Instagram ќе им препорачува на малолетните корисници да ја направат својата сметка приватна кога ќе ја креираат сметката, а доколку сепак се одлучат истата да биде јавна, тие повторно ќе им ги истакнат предностите на приватната сметка во иднина.

Дополнително, на корисниците кои имаат покажано сомнително однесување на мрежата ќе им биде направено потешко да можат да најдат сметки на малолетни лица, а тие нема да им бидат вклучени во предлозите за следење.

ИЗВОРInstagram
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаAirCare ја освои престижната World Summit Award 2020 награда од ОН
Следна статијаOnePlus целосно го прикажа OnePlus 9 Pro пред официјалното претставување идната недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.