OnePlus прво најави дека ќе ги претстави телефоните од деветтата серија на 8-ми март, но сепак претставувањето официјално ќе се случи идната недела на 23-ти март. OnePlus 9 серијата ќе биде претставена, а главниот акцент сега се става на камерите.

Од компанијата се решија да не чекаат до официјалното претставување, па објавија повеќе слики од OnePlus 9 Pro и со тоа ни го прикажаа целосниот изглед на непретставените телефони.

Што се однесува до карактеристиките, ќе мора да почекаме уште една недела, но знаејќи ги OnePlus, тие ќе бидат од највисоката класа. Тоа што сега се знае е дека посебно внимание имаат посветено на камерите кои ќе бидат изработени од Hasselblad.

Во продолжение еве го новиот OnePlus 9 Pro.

ИЗВОРInputmag
Претходна статијаInstagram воведува неколку новини за подобра заштита на малолетните корисници
Следна статија17-ти март ден на формирањето на Црвениот крст на РСМ и ден на крводарителството во РСМ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.