Оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија одбележува значајни 76 години од своето основање и 26 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

17 март е значаен ден за Црвен крст на Република Северна Македонија, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.

17 март е воедно и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи.

Во текот на годината нашата организација ќе организира повеќе онлајн настани на национално и локално ниво со цел да се потсетиме на предизвиците и успесите на организацијата на Црвениот крст во изминатите години.

Црвен крст на Република Северна Македонија, исто така организира онлине Свечен настан на 17 март 2021 во 12:00 часот и  истиот може да го следите на нашата Facebook страна  https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonija

Претходна статијаOnePlus целосно го прикажа OnePlus 9 Pro пред официјалното претставување идната недела
Следна статијаHuawei го објави техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа