Фото: Kaspersky

Windows 11 е официјално достапен за сите корисници, иако не во својата финална верзија која ќе стане достапна најверојатно од октомври. Корисниците можат да ја инсталираат тест верзијата, која веќе имаше и неколку ажурирања со новини, преку нивниот Windows 10 компјутер со вклучување на Windows Insider програмата.

Сепак, нормално како практика за нашите простори, но и на многу други, корисниците сакаат да го симнат Windows без да имаат лиценца за него, па истото обично се прави преку „торент“ и слични места, каде инсталацијата доаѓа и со „крак“.

Од Kaspersky имаат откриено дека многу од ваквите неофицијални инсталации на Windows 11 воопшто не се само „кракувани“ верзии од оперативниот, туку инсталации на малициозен софтвер кој нема да го инсталираат новиот оперативен систем од Microsoft. Корисниците наместо тоа ќе добијат малициозен софтвер кој во некои ситуации е безопасниот „adware“, но во некои ситуации посериозен софтвер составен од „тројани“, софтвер кој ги краде лозинките на корисникот, „exploits“ и слично.

Првиот знак дека нешто не е како што треба со инсталацијата е што истата започнува како обична инсталација на апликација, а тоа не е начинот на кој се инсталира Windows. Големината на датотеката од скоро 2 гигабајти ја прави да личи веродостојно, но истата се што прави е да инсталира друг софтвер кој го инсталира малициозниот софтвер.

На корисниците им се препорачува да воопшто не го инсталираат Windows 11, доколку не се програмери или навистина не знаат што прават, но доколку тоа сепак го направат, да го направат на официјалниот начин преку Settings на Windows 10.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаInstagram ќе ги штити помладите корисници од постарите и сомнителни
Следна статијаКако да се заштитите од сајбер-напади? Acronis Cyber Protect Cloud овозможува интегрирана сајбер-заштита со едно решение
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.