Фото: Shutterstock.com

Според неофицијални информации, Facebook се обидува да открие начин кој ќе може да ја анализира шифрираната содржина без потребна од нејзино дешифрирање. Овие обиди се прават со помош на вештачка интелигенција, а наводно од компанијата веќе имаат ангажирано поранешен вработен од Microsoft.

Целта на ваквиот обид на Facebook е јасен, а тоа е прикажување на реклами кои се во согласност со интересите на корисниците или во овој случај и на разговорите на корисниците. Во овој момент единствената апликација која користи шифрирани пораки е WhatsApp, па се верува дека од компанијата сакаат да можат да прикажуваат реклами на овие корисници.

Доколку од Facebook успеат во нивната цел, нарушувањето на приватноста на корисниците кои мислат дека користат заштитена комуникација, со цел прикажување на реклами, е најмалиот проблем. Ваквата можност сигурно ќе биде искористена од повеќе страни со цел намалувањето на заштитата која ја нудат шифрираните разговори.

Apple оваа недела се критикувани за нешто слично. Тие планираат да почнат со скенирање на сликите на корисниците кои ги имаат на нивните уреди со цел откривање на детска порнографија. Очекувано, сите организации за приватност сметаат дека на овој начин Apple веќе не може да се сметаат како компанија која се бори за приватноста на своите корисници.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаМелинда Френч Гејтс доби скоро 6 милијарди долари во акции од разводот со Бил Гејтс
Следна статијаXiaomi го претстави Mix 4 со камера под екранот и Snapdragon 888+ процесор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.