Shutterstock.com

Разводот помеѓу Бил Гетјс и Мелинда Гетјс беше официјално завршен на почетокот од овој месец, па сега ги гледаме официјалните суми кои се дел од тајниот договор кој беше одобрен од судот.

Со оглед на тоа дека Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе во светот, јасно беше дека Мелинда Гејтс ќе добие огромна сума како дел од разводот, само остана прашањето колкава ќе биде таа сума.

Секако, кога се говори за сума, се мисли на вредноста од имотот кој е предмет на поделба, а не префрлување на кеш.

Вкупната вредност која е префрлена на име на Мелинда Френч Гејтс како дел од разводот, во форма на акции во неколку компании е скоро 6 милијарди долари, поточно 5,7 милијарди.

Се работи за акции во компанијата AutoNation Inc., компанијата Deere & Co., како и акции во Canadian National Railway Co. Акциите во овие три компании имаат вредност од скоро 3 милијарди долари, па заедно со претходно префрлените акции, Мелинда Гејтс во овој момент вреди за скоро 6 милијарди повеќе од пред разводот.

Со оглед на тоа дека деталите од договорот за развод не се јавни, не е познато дали и уште колку акции и друг имот ќе треба да префрли Бил Гејтс, кој и покрај тој останува еден од најбогатите луѓе во светот.

Бил и Мелинда ќе продолжат да работат заедно во својата фондација уште најмалку 2 години, по што, според договорот кој го имаат постигнато, ако не можат веќе да функционираат, Мелинда ќе ја напушти фондацијата, за што ќе добие соодветна компензација.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаSamsung го претстави Exynos W920 наменет за паметните часовници и сличните уреди
Следна статијаFacebook наводно работи на начин за анализирање на шифрираните податоци без да бидат дешифрирани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.