На еден ден пред Unpacked настанот од Samsung, од компанијата го претставија нивниот најнов чип кој е наменет за уредите за носење, односно паметните часовници и сличните други вакви уреди.

Exynos W920 е направен со 5nm технологија од Samsung, односно со EUV процес, а од компанијата истакнуваат дека овој мал чип, кој сега зафаќа доста помал простор, донесува подобрување во перформансите и намалување на потрошувачката.

Дел од овој чип се две ARM Cortex-A55 јадра кои се наменети за посилните задачи на часовниците, но сепак овозможуваат заштеда на батеријата. Овие јадра, четири на број, се дел од моментално најдобрите мобилни процесори и се наменети заштеда на енергијата.

Покрај овие две јадра, Exynos W920 доаѓа и со едно Cortex-M55 јадро кое треба да овозможи доста поголема заштеда на енергија и е замислено да се користи за секогаш вклучените екрани кај паметните часовници и слични ситуации.

ARM Mali-G68 е графичкиот процесор кој ќе е дел од Exynos W920 и од Samsung најавуваат дури 10 пати подобри перформанси за разлика од претходната генерација од чипот на компанијата. Подобрувањето на перформансите кај процесорот се истакнува дека ќе изнесува 20%.

Exynos W920 доаѓа со поддршка на новата платформа за паметни часовници која ја развија Samsung и Google, односно наредната генерација од Wear OS на кој сега ќе работат часовниците од Samsung, наместо со нивниот Tizen OS.

Samsung Unpacked настанот ќе се одржи утре со почеток во 16:00 часот по македонско време и овој настан секако ќе може да се следи во живо.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаApple ќе почне да ги скенира сликите на уредите на корисниците за детска порнографија
Следна статијаМелинда Френч Гејтс доби скоро 6 милијарди долари во акции од разводот со Бил Гејтс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.