Изминатата недела излезе информацијата дека на интернет „протекле“ повеќе од 530 милиони податоци од корисничките сметки на Facebook. Овие податоци вклучуваат повеќе информации, како имејл адреси, телефонски броеви, родендени и слично.

Дали вашата сметка е дел од овие повеќе од 530 милиони сметки, можете лесно да проверите преку внесување на вашата имејл адреса на Have I Benn Pwned сервисот.

Во текот на вчерашниот ден Facebook излезе со официјална информација за случајот, па сега имаме и нешто повеќе детали околу што е тоа што се има случено.

Според Facebook, не се работи за хакирање на нивните системи, туку собирање на информации преку откриен пропуст кој е затворен, односно исправен во септември 2019. Собирањето на информациите се има случено пред овој период, односно пред да биде исправен пропустот, а од компанијата истакнуваат дека по исправката, тој пропуст веќе не може да се искористи.

Пропустот се наоѓал во системот за прикачување на контактите од телефонот на корисникот, на серверите на Facebook. Ова е стандардна можност на мрежата преку која се наоѓаат пријателите, односно корисниците на мрежата преку нивните телефонски броеви.

Од Facebook уште еднаш истакнуваат корисниците да ја користат нивната Privacy Checkup алатка, како и да ја вклучат можноста за дво-факторска автентикација.

Лозинки не биле дел од собраните информации, па барем тој дел од сметките е останат до некаде безбеден.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаNASA ја објави првата слика од Ingenuity хеликоптерот додека уште се подготвува за првиот лет
Следна статијаRegional Youth Peace Lab 2021 – Реши проблем, предизвикај промена и освој награда
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.