Имаш 18 до 30 години? По потекло си од Западен Балкан? Сакаш да креираш решенија со кои директно ќе влијаеш на својата иднина? Сакаш да освоиш вредни награди?

Регионалното натпреварување Regional Youth Peace Lab 2021е можност што не се пропушта! Ти нудиме прилика да:

  • Запознаеш млади луѓе со слични размислувања, години, профил на интереси, работиш со тим на креирање нови идеи со кои можеш значајно да придонесеш во изградба на мирот во регионот;
  • Користиш интерактивна, 3D виртуелна платформа која ја олеснува комуникацијата и соработка помеѓу младите во регионот;
  • Учиш од 12 ментори од регионот, експерти за пишување и застапување на политики за градење мир кои ќе ти помогнат да развиеш предлози во рамки на еден од трите предизвици:
    • Образование- квалитет и реформа на образованието во регионот за подобро да се одговори на предизвиците во 21 век,
    • Младинска мобилност – мобилноста на младите во регионот во поглед на студирање, патување, работа и учење,
    • Мирот и наследството од минатото – оптоварувачкото наследство  од траумите кај постконфликтните генерации
  • Освоиш вредни награди и серификат за учество. Подготвивме Amazon Kindles и подарок ваучери од наградниот фонд од над 5000 американски долари.

Правила за натпреварот: Тимовите ќе имаат задача да ги подготват основните елементи на јавна политика со поддршка од ментор. Решенијата ќе бидат претставени пред јавноста во триминутна видео презентација. Најдобрите предлози ќе ги избере публиката со гласање за нивниот фаворит на платформата од натпреварот.

Покрај тоа, најдобрите политички предлози ќе бидат објавени во книгата “The WB6 Youth Policy Bookи во “The Guide to the Development of Innovative Public Policies”.

Натпреварувањето Regional Youth Peace Lab (RYPL) 2021 е организирано од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Фондот за градење мир на Обединетите нации (PBF), Програма за развој на Обединетите нации (UNDP) и Фонд на популација на Обединетите нации (UNFPA), во соработка со Фондацијата Мозаик, компанијата Beyond42 и агенцијата Машта.

Сите заинтересирани млади луѓе од регионот на  Западен Балкан можат да аплицираат до среда, 14 Април 11:59 часот. Формуларот за пријавување и повеќе информации можете да надете  тука,  за сите останати прашања на располагање ви е маилот  rypl@mozaik.ba.

Претходна статијаFacebook излезе со информација за случајот со собраните повеќе од 530 милиони податоци за нивните корисници
Следна статијаGoogle развива сопствен чип кој ќе го користи кај Pixel и Chromebook уредите