Ingenuity хеликоптерот од NASA беше успешно поставен на површината на Марс изминатиот викенд. Ова беше важен чекор, иако висината од која беше пуштен, од долниот дел на Perseverance роверот, е само 10 сантиметри.

Ingenuity хеликоптерот има за мисија да ја тестира можноста за летање на друга планета, меѓу другото, а првиот лет треба да го направи овој месец. Доколку се помине како што треба, ќе биде поставена основата за идните летала од NASA.

Пред да биде целосно спуштен на површината од црвената планета, камерата која е поставена на Ingenuity ја направи својата прва слика, за жал со ниска резолуција.

Оваа слика сепак не овозможува некој поглед, па ниската резолуција не прави некој посебен проблем.

Сликата е од под Perseverance роверот и на неа во главно се гледа земјата на Марс, како и дел од тркалата на роверот.

Во исчекување на повеќе слики, а посебно тие при тест летовите, можеме да ја разгледаме оваа слика како најава за што следува.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаGoogle ќе го ограничи бројот на апликации кои ќе имаат пристап до листата со инсталирани апликации на уредот
Следна статијаFacebook излезе со информација за случајот со собраните повеќе од 530 милиони податоци за нивните корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.