NASA

Минатиот месец NASA започна со подготовките за првиот лет на малиот хеликоптер Ingenuity кој на Марс беше испратен прицврстен на долниот дел од најновиот ровер Perseverance. Ingenuity би било првото летало кое лета на друга планета со сопствен погон. Ова претставува голем чекор во истражувањето на планетите во нашиот сончев систем и ќе го одреди темпото за развој на летата во иднина.

После неколку дневното движење на Perseverance до одредената локација, како и менувањето на позицијата на Ingenuity, хеликоптерот во текот на вчерашниот ден успешно беше спуштен и поставен на површината на Марс.

Спуштањето на површината подразбирало „пад“ од висина од 10 сантиметри, нешто што иако не звучи многу, лесно може да не помине како што треба и леталото да се оштети.

Наредниот чекор, како што истакнуваат од NASA, е Ingenuity да го преживее летањето кое треба да се случи до крајот на овој месец. Ова е и последниот чекор после патот од 471 милиони километри од Земјата до Марс, слетувањето и поставувањето на површината на планетата.

Иако првиот лет нема да биде на голема површина, сепак се очекуваат интересни слики и снимки кои ќе ги објави NASA по, се надеваме, успешното летање.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаLG излегува од пазарот на смартфони и го затвора бизнисот
Следна статијаКомпанијата Genesis го прослави влезот на кинескиот пазар со рекорден број на дронови над Шангај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.