LG денеска официјално најави дека го затвораат нивниот бизнис за смартфони и целосно излегуваат од овој пазар во целиот свет.

Оваа информација не доаѓа како изненадување кога ќе се земе во предвид популарноста на овој некогаш важен бренд на пазарот на смартфони. Исто така, неколку пати имаше и шпекулации дека од компанијата планираат вакво нешто.

Според неофицијалните информации од почетокот на оваа година, LG имаат размислувано покрај за затворање на бизнисот и за негова продажба или негово намалување. Има информации дека од компанијата прво имаат пробано да го продадат бизнисот, но не успеале да најдат купувач.

Продажбата на одредени модели на LG ќе продолжи и во периодот што следи, а истото најверојатно ќе биде до потрошување на произведените количини.

Завршувањето на процесот на затворање на бизнисот се најавува дека треба да биде до 31 јули. Од компанијата ќе продолжат да овозможуваат поддршка за продадените телефони, а колку време истата ќе биде достапна ќе зависи од регионот.

„Стратешката одлука на LG да излезе од неверојатно конкурентниот сектор за телефони ќе и овозможи на компанијата да ги насочи своите ресурси во растечките области како компоненти за електрични возила, поврзани уреди, паметни домови, роботика, вештачка интелигенција и бизнис-на-бизнис решенија, како и платформи и сервиси.“ – истакнаа од LG.

Од компанијата уште немаат одлучено што ќе прават со вработените во овој сектор, па се најавува одлука во периодот што следи.

LG одамна не е тоа што беше на пазарот на смартфони кои во денешно време го држат неколку компании, односно Samsung, Huawei, Apple, Xiaomi. Неколку брендови ја донесоа истата одлука како LG од кога стана јасно дека корисниците изборот при купувањето на нов телефон го гледаат во неколку компании на пазарот, а не кај повеќе распределено како порано.

Излегувањето на LG може нема многу да се забележи, но пазарот дефинитивно ќе го забележи откажувањето на LG Rollable кој требаше да биде претставен оваа година, а има екран кој се намотува.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2LG
  • ОЗНАКИ
  • LG
Претходна статијаЗапочна продажбата на TWS слушалките Huawei FreeBuds 4i со активно намалување на бучавата и до 10 часа музика во движење
Следна статијаIngenuity хеликоптерот успешно поставен на површината на Марс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.