Изминатите години се знае кои брендови продаваат најмногу телефони и кој е изборот кога се мислиме за купување на нов телефон. Тука се Samsung, Huawei, Apple, Xiaomi, а неколку од порано навистина познатите брендови не може да се каже дека им оди баш добро.

LG веќе одамна е јасно дека не успева да се врати барем на дел од позицијата на пазарот која ја имаше порано како еден од најпознатите брендови за паметни телефони. Не може да се каже дека тие не претставуваат добри модели, меѓутоа тие сепак не нудат нешто повеќе од конкуренцијата, па тешко е да се вратат купувачите.

Поради ова, а и загубените 4,5 милијарди долари во изминатите 5 години според информациите, од LG размислуваат дали да продолжат со настап на пазарот на паметни телефони. Оваа информација доаѓа од меморандум испратен од директорот на компанијата до вработените, а е потврден од компанијата.

Според меморандумот, во компанијата се размислува дали да се намали бизнисот, дали да се продаде или целосно да се откаже. Одлука уште не е донесена истакнуваат од компанијата. Тоа значи дека оваа година за LG ќе биде клучна за тоа дали да продолжи да настапува на пазарот на телефони.

Оваа информација доаѓа само неколку дена по најавата од LG на CES 2021 на нивниот LG Rollable телефон кој има екран кој се намотува и со тоа се претвора од мобилен во мал таблет, без мааната од конкурентите кои се преклопуваат, појава на фалта кај делот кој се преклопува.

Јасно е дека на пазарот на мобилни е тешко за останатите компании кои не се дел од тие 3-5 кои успеваат да опстојат. LG можеби ќе ги видиме како претставуваат само уреди како Rollable, а веќе да не се трудат на стандардниот пазар на „обични“ телефони.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Korea Herald
  • ОЗНАКИ
  • LG
Претходна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Безбедносниот појас за 60% ги намалува фаталните последици при сообраќајна незгода
Следна статијаСтратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА, најавува продолжување на инвестициите во ИТ експерти во Северна Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.