Компанијата Genesis, која на пазарот претставува луксузни автомобили и е во сопственост на Hyundai, на крајот од минатиот месец го сруши Гинисовиот рекорд за летање на најмногу беспилотни летала, односно дронови во исто време.

Рекордот е срушен со летање на 3.281 дрон над Шангај за време на настан за одбележување на влезот на брендот во Кина.

Сите овие дронови летаат синхронизирано и со тоа креираат одредени форми, како што е на пример логото од компанијата, меѓу другото во овој случај.

За таа цел се користи посебен софтвер за кореографија, а исто така се осигурува дека дроновите нема да се судрат еден со друг.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Genesis
Претходна статијаIngenuity хеликоптерот успешно поставен на површината на Марс
Следна статијаНеофицијален модел од iPhone 13 Pro го прикажува очекуваното намалување на исечокот на екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.