Најновиот ровер од NASA успешно слета на Марс на 18-ти февруари, на голема радост на агенцијата. Овој нов ровер има мисија да истражува знаци за поранешен живот на планетата, а локацијата каде слета е посебно избрана поради верувањето дека порано во тој дел имало вода, односно поминувала река.

Perseverance роверот уште е во фаза на подготовки и тестирање на системите пред официјално да ја почне мисијата, па до сега можевме да видиме и по некоја слика од околината, покрај снимката од слетувањето.

Заедно со Perseverance, поставен и заштитен на долниот дел, е и хеликоптерот Ingenuity, кој е првото летало со сопствен погон кое ќе лета на друга планета. Доколку се’ помине успешно со ова летало, тоа ќе овозможи слики и снимки од досега недостапни места, како што се високите планини, пештери и слично.

Пред да почне официјално да лета, Ingenuity прво ќе мора да помине одредени подготовки, па да направи неколку тест летови, од кој првиот, кој не би бил пред 8-ми април, ќе биде само до 3 метри, без правење на додатни маневри.

NASA веќе започна со подготовките за првиот тест лет и истите вклучуваат возење на Perseverance до избраната локација која се смета за најпогодна да се прават тест летовите. Иако се работи за мало растојание, Perseverance ќе му требаат повеќе денови за да го однесе Ingenuity до локацијата, по што ќе помине уште еден цел ден да се оддалечи на безбедна локација.

Од NASA објаснуваат дека Ingenuity ќе мора да биде на сред избраната локација која е избрана поради тоа што е рамна и нема пречки. Процесот на тргање на Ingenuity од Perseverance е исто така сложен и вклучува вртење на хеликоптерот од неговата хоризонтална позиција и спуштање на површината.

Условите на Марс прават да хеликоптерот морал да биде посебно развиен, лесен, како и заштитен поради ниските температура кои ги има навечер на планетата, кои знаат да паднат и до -90 степени. Исто така, сончевата светлина која стига до планетата е во многу помала количина од таа на Земјата, па полнењето на батериите на хеликоптерот е исто така предизвик.

Кога ќе биде направен првиот тест лет, NASA ќе ги објави и првите слики и снимки кои покрај од Ingenuity, ќе бидат и од Perseverance.   

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаФИТР и ИМЕ со нова соработка за комерцијализирање на дигитални решенија во земјоделскиот сектор
Следна статијаOnePlus го претстави својот прв паметен часовник
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.