После седум месеци и поминати 472 милиони километри, најновиот ровер од NASA успешно слета на Марс на голема радост на присутните во контролата на мисијата. Слетувањето беше направено во 21:55 часот синојка.

Слетувањето на Perseverance беше направено со нов систем, односно нова технологија. Претходните ровери во главно користеа технологија која вклучува падобрани, ракети и во одредени случаеви дури и голем број на воздушни перничиња.

Во случајот на Perseverance, слетувањето беше направено со посебно летало на кое роверот е „закачен“, а исто така новата технологија овозможува и прилагодување на местото каде што ќе се слета автоматски, со тоа избирајќи ја најдобрата позиција.

Сето ова е потребно поради тоа што атмосферата на Марс не е доволно густа за да може да се забави паѓањето доволно само со падобранци.

По слетувањето Perseverance ја испрати и првата слика од Џезеро кратерот, каде што и ќе се одвива мисијата. Овој ровер има и досега најмногу и најнапредни камери, а со него доаѓа и дрон, наречен Ingenuity, кој ќе помага во извршувањето на мисијата.

Причината поради која е избрана конкретната локација е поврзана со целата на мисијата, а тоа е откривање на знаци и докази дека на Марс некогаш имало живот. Тој живот се разбира не значи откривање на знаци за интелигентна цивилизација, туку во главно микроскопски форми на живот.

Perseverance ќе има за цел да врати назад примероци кои ќе бидат испитувани, поради тоа што опремата која треба да се користи е преголема да се однесе на Марс. Исто така, оваа мисија ќе биде и еден вид подготовка за планираните човечки мисии на оваа планета во иднина.

Џезеро кратерот се верува дека пред 3,5 милијарди години имал река и бил полн со вода. Ова е и причината зошто е избран како место каде ќе се прави првото испитување за живот на Марс. Големината на кратерот е околу 45 километри.

Наредниот период од неколку недели ќе биде искористен за правење на тестови на роверот, по што ќе може да започне мисијата.

Во продолжение можете да го погледнете преносот во живо од слетувањето на Perseverance на Марс.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2National Geographic
Претходна статијаА1 Македонија со нови бенефити за сите корисници на мобилната телефонија
Следна статијаGoogle ја претстави првата тест верзија од Android 12 за програмерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.