По првите неофицијални информации за Android 12, Google вчера и официјално ја претстави наредната верзија од овој оперативен систем, ако може така да ја наречеме првата верзија за програмерите.

Во овој период од годината Google обично ја пушта тест верзијата наменета за програмерите и во главно од неа не може да се дознае многу за какви промени и новини ќе донесе Android кога ќе биде официјално пуштен. Затоа сега за сега можеме да останеме на неофицијалните информации од почетокот на овој месец кои сепак ќе почекаме уште некој месец за да бидат потврдени.

Иако се очекуваат повеќе промени кои ќе ги видиме некаде до јуни, сепак и оваа прва верзија за програмерите донесува неколку информации кои не би ги интересирале само програмерите.

Android 12 продолжува со подобрување на функциите поврзани со приватноста на корисниците, ќе има делумни промени во центарот за известувања, а достапни се и подобрувања во поддршката на слики и други датотеки.

Според тоа што е забележано во оваа прва верзија, се гледаат исто така и новини како можност за избор кои апликации ќе можат да ги прикажуваат своите „медиа“ контроли во центарот за известувања, можност за споделување на Wi-Fi лозинки со еден клик, редизајнирање копчиња и повеќе.

Карактеристично за овој период, ја имаме новата верзија од Android, па ќе чекаме во месеците што следат да видиме што се ново ќе донесе од кориснички аспект.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаРоверот Perseverance на NASA успешно слета на Марс
Следна статијаMicrosoft го најави Office 2021 пакетот за корисниците кои не сакаат претплата и дополнителни сервиси во „облакот“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.