TikTok, апликацијата која е позната по „бескрајното“ разгледување на видеа со часови, воведе нова функција која ќе треба да им помогне на корисниците да ја намалат оваа навика.
Корисниците веќе имаат можност да изберат кои часови ќе ги сметаат како часови за спиење, а сега во избраното време ќе им се појави нов дел за медитација. Според TikTok медитирањето може да го подобри квалитетот на спиењето кај луѓето од сите возрасти.
Оваа нова функција ќе биде автоматски вклучена после 22 часот за корисниците кои се помлади од 18 години, па јасно е дека за оваа категорија на корисници е поважно да го намалат времето поминато разгледувајќи голем број на видеа.
Можноста за медитирање беше достапна како тест за одреден број на корисници, а од компанијата истакнуваат дека 98% од тинејџерите ја имаат оставено вклучена функцијата, односно не избрале да ја исклучат.
За корисниците под 18 години ќе има можност да продолжат да ја користат апликацијата по 22 часот, но ќе има втор банер кој ќе биде потешко да биде тргнат од првиот.