Фото: Warner Bros.Discovery

Warner Bros.Discovery, компанијата која стои зад брендот HBO, како и Max стриминг сервисот, најави дека овој сервис повторно ќе биде наречен HBO Max. 

Ова име се користеше до пред две години, кога беше поедноставено и заменето со само Max. Претходно сервисот беше познат како HBO Go, но во тоа време го немаше модерниот стил кој го започна Netflix. 

HBO Max ќе почне повторно да се користи од ова лето, а како што би се очекувало, се работи само за ребрендирање, а останатите карактеристики се очекува да останат исти, односно претплатите на корисниците и слично. 

Фото: Warner Bros.Discovery

Не е точно позната причината зошто од компанијата го враќаат ова име, а објаснувањето кое го даваат е стандардно и општо. 

Дејвид Заслав, претседател и извршен директор на Warner Bros. Discovery, изјави: „Импресивниот раст што го забележавме со нашата глобална стриминг услуга е резултат на квалитетот на нашата програма. Денес го враќаме HBO, брендот што претставува симбол на највисок квалитет во медиумите, со цел дополнително да го забрзаме тој раст во годините што следат.“

Претходна статијаОдбележан првиот Ден на македонските инженери – 105 години традиција и иновација
Следна статијаИспраќањето и примањето пари сега е можно само со телефонски број или картичка: Visa Direct услугата достапна и на нашиот пазар
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.