push-for-pizza-f

Push for Pizza е нова апликација за iOS развиена од пет тинејџери кои што како студенти со нивниот карактеристичен стил на живот, решаваат драстично да го поедностават нарачувањето на пица. Како што тоа го прикажуваат во интересно промотивно видео, апликацијата е наменета за луѓето кои што едноставно некогаш немаат желба да бараат пицерија, да го разгледуваат менито, да ја направат нарачката, туку сакаат едноставно да притиснат едно копче и пицата да е нарачана.

Оваа апликација го прави токму тоа. Корисниците при првото прилагодување на апликацијата ги внесуваат својата адреса, информации за платежната картичка и таа е спремна за користење. При нарачувањето на пица, за да целиот процес остане што е можно поедноставен, како избор се понудени само две пици, односно со кашкавал и кулен. Тоа значи дека избирате пицерија од листата на блиски пицерии, избирате една од двете можни пици и притискате на копчето за нарачка. Наплатата се врши преку внесените информации, што значи дека кога пицата ќе биде доставена, плаќањето е веќе извршено.

push-for-pizza-screens

Апликацијата е бесплатна за корисниците, меѓутоа претставува потенцијално добар начин за заработка на нејзините развивачи. Тие добиваат процент од секоја направена нарачка на пица, што доколку апликацијата стане популарна, ќе им донесе добра заработка.

Извор: Push for Pizza

Претходна статијаРуски хакери имаат собрано рекордна бројка на интернет податоци
Следна статијаHTC објави информација за Windows Phone 8.1 Update 1 надградбата за своите 8X и 8S модели
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.