mainV5

Од денеска е достапен Viber 4.2 за корисниците на iOS оперативниот систем, односно за корисниците на iPhone. Главно во оваа нова верзија е дизајнот кој што конечно е направен во согласност со новиот „рамен“ стил карактеристичен за iOS 7. Се разбира покрај прилагодениот дизајн, новата верзија вклучува исправка на пријавените проблеми од корисниците, како и следните новини:

  • Можност за испраќање на повеќе слики и видеа во исто време
  • Листа на блокирани корисници, кои што нема да може да ви испраќаат пораки или да ве повикуваат преку аудио повици
  • Испраќање на подолги видео пораки

Viber 4.2 апликацијата е достапна во App Store и можете да ја симнете или надградите преку следниот линк.

viber-ios-42-qr

Претходна статијаGoogle Street View ви овозможува да се вратите во времето
Следна статијаNexus 8 направен од HTC треба да биде претставен оваа година?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.