OneNote од Microsoft моментално има две апликации на Windows, OneNote десктоп апликацијата која доаѓа со Office пакетот и поновата OneNote for Windows 10 која е достапна преку Microsoft Store.

Втората е таа која доаѓа со понов изглед и со повеќе функции, а тоа е така поради тоа што од компанијата најавија дека таа ќе биде главната која се препорачува корисниците да ја користат.

Оваа најава беше објавена во 2018 кога Microsoft уште се надеваше на поголем успех на универзалните апликации, каква што е OneNote for Windows 10, кои се инсталираат и ажурираат преку Microsoft Store.

Со претставувањето на Windows 11 и новата Microsoft Store, стана јасно дека Microsoft, иако не ги укинува целосно универзалните апликации, тие веќе нема да бидат главните апликации кои програмерите за Windows ќе треба да ги зимаат во предвид.

Во новата Microsoft Store ќе бидат достапни секаков вид на апликации, односно оваа продавница ќе стане централно место каде корисниците ќе можат да ги наоѓаат апликациите. Тие потоа ќе можат да се надградуваат посебно, надвор од продавницата, а Microsoft нема ни да зима дел од профитот од тие апликации кои ќе користат сопствен систем за реклами.

Очекувано, Microsoft најави дека десктоп верзијата од OneNote, која доаѓа со Office пакетот, иако за разлика од целиот пакет таа може да се симне посебно и бесплатно, ќе стане главната апликација која ќе продолжи да биде развивана.

Оваа верзија ќе ги добие функциите кои со текот на годините беа достапни само на универзалната апликација, а ќе добие и понов изглед кој ќе биде во правец на дизајнот кај Windows 11.

Од Microsoft препорачуваат дека доколку некој сега почне да го користи OneNote, да ја користи десктоп верзијата од апликацијата на Windows, а корисниците на универзалната верзија ќе почнат да добиваат насоки за префрлање од втората половина на идната година.

Универзалната апликација сепак ќе остане да биде поддржувана до 2025 година, до кога ќе им поддршка Windows 10, по што сите ќе мора да ја користат десктоп верзијата.

Овие промени не се однесуваат на мобилните верзии од OneNote, кои веќе се средени и имаат по една верзија на соодветните платформи.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFacebook ја редизајнира Settings страната кај мобилните апликации
Следна статијаПорано еден од најпопуларните прелистувачи, Firefox продолжува да ги губи корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.