Не сум сигурен како OneNote поминува на македонскиот пазар генерално, меѓутоа за мене е една од најкорисните апликации кои ги користам. Користам две „тетратки“, едната за работа, а другата приватна и скоро се што сакам да организирам или запомнам, го ставам во соодветната тетратка.

Од Microsoft веќе одреден период повеќе ја развиваат OneNote апликацијата за Windows 10, односно таа достапна преку Windows Store. Оваа верзија беше во тек со новостите кои од компанијата ги воведуваат на останатите платформи, односно на Android и iOS.

Од компанијата оваа недела излегоа со информација дека оваа верзија, односно таа за Windows 10, ќе биде и официјалната верзија во иднина и единствената која што ќе продолжи да биде развивана.

Тоа исто така значи дека десктоп апликацијата од OneNote веќе не само што нема да добива нови верзии, истата нема да биде инсталирана со останатите Office апликации.

Корисниците и понаму ќе ја имаат можноста да ја инсталираат посебно доколку оваа верзија е таа која сепак сакаат да продолжат да ја користат. Таа ќе добива само сигурносни надградби до крајот на официјалната поддршка во 2020, но до тогаш „модерната“ верзија од апликацијата ќе ги има сите функции кои корисниците ги бараат.

Од Microsoft исто така истакнуваат дека во месеците што следат OneNote за Windows 10 ќе добие три нови функции кои се едни од најмногу бараните од страна на корисниците на десктоп верзијата. Овие три функции ги вклучуваат следните:

  • Можност за внесување и пребарување на ознаки
  • Прегледување на Office документи директно од OneNote
  • Додатни функции за OneNote за училиштата

Доколку ја немате пробано OneNote за Windows 10, истата можете да ја симнете преку следниот линк.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаЗабраната на Телеграм е удар за приватноста и слободата на изразување
Следна статијаКомуницирајте безбедно со вашиот смартфон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.