Фото: Microsoft

Microsoft Edge наменет за бизнис корисниците доби подобрување на заштитата на податоците од компанијата во време кога се почесто се пристапува до истите и преку приватните уреди на вработените. На ова треба да се додаде и политиката на некои компании да дозволат работа со сопствен уред од вработениот. 

Ова дефинитивно ја отежнува работата на ИТ администраторите во компанијата кои веќе не треба да се грижат само за корпоративната мрежа и од нив контролираните компјутери, туку уште цела група на уреди кои се носат надвор од компанијата. 

Една од новините која ја добива Microsoft Edge за бизнисите е заштита при пристапот до податоците од компанијата кога се користат неменаџирани уреди, како и лични уреди од вработените. 

Од компанијата ги истакнуваат постојните сервиси Intune и Purview со надградени алатки и способности да извршуваат проверки пред на корисникот да му биде дозволено да симне некоја датотека, на пример, од компанијата. 

Втората новина која ја најавија од компанијата е баш за ова време кога се доста актуелни „четботовите“ направени на основа на генеративната вештачка интелигенција. 

Microsoft Edge ќе им овозможи на компаниите заштита од несакано внесување тајни податоци во овие „четботови“, а за почеток се поддржани ChatGPT, DeepSeek, Gemini и Copilot. 

Овие новини се бесплатни за сите корисници и компании, односно се дел од нивните веќе постоечки претплати кои ги користат. Microsoft Edge секако доаѓа инсталиран на сите Windows 11 уреди, па со тоа е олеснета работата на администраторите. 

Повеќе информации за новите функции се достапни на оваа страна.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаFacebook повторно ќе дава поголемо значење на објавите од пријателите
Следна статијаЗапознајте ја Awesome Intelligence: Нов пристап до забавна и достапна мобилна вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.