lettrs_Android-Release_Social-Posts_Twitter_2

Со напредокот на технологијата, неизбежно напуштивме некои традиционални видови на комуникација. За некои тоа значеше благослов. За други, електронската комуникација не може да ја замени вредноста на рачно напишаните писма до своите најблиски. Доколку носталгично се сеќавате на рачно напишаните писма кои сте ги испраќале на вашите пријатели и роднини, си должите себеси да и дадете шанса на Lettrs, апликација која го обединува најдоброто од двата света и ви овозможува испраќање на персонализирани писма или пораки, рачно напишани на вашиот мобилен или таблет уред.

Процесот на создавање на вашето писмо е прилично едноставен. Најпрво треба да изберете тема која ќе му даде на писмото посебно обележје. Откако ќе го одберете вашиот посакуван стил на пишување и тема, можете да започнете со пишување на писмото или пораката што сакате да ги испратите. Имате избор да пишувате со вградената тастатура или пак движејќи ги прстите на екранот на вашиот мобилен или таблет уред.

lettrs-screens-android

Lettrs ви дозволува да напишете три видови на писма – отворени писма, кои можат да ги прочитаат сите корисници на апликацијата, приватни писма, кои можат да бидат прочитани само од лицата за кои истите се наменети и поштенски писма, кои можете да ги испратите по поштенски пат. Услугата за испраќање на писма по поштенски пат ќе ве чини од 2-4 долари, зависно од тоа во која земја се испраќа писмото.

Со оглед на тоа што Lettrs функционира како социјална платформа, по креирањето на писмата, можете истите да ги објавите на вашиот јавен профил што го креирате во рамките на апликацијата, кој функционира слично на ѕидот на Facebook. Тука можете да ги прочитате и отворените писма испратени од други корисници како и да ја искажете вашата благодарност за некое испратено писмо со оставање на позитивен впечаток (слично на “like”) и да коментирате на објавите на вашите пријатели. Дополнително, апликацијата содржи и опција за преведување на писмата во еден од 80-те поддржани јазици.

Lettrs може да се преземе (бесплатно) на iOS и Android платформите, а исто така функционира и како веб апликација.

Извор: Techegis

Претходна статијаiPhone 6 се продава повеќе од поголемиот 6 Plus
Следна статијаПовеќе од 10 милиони iPhone 6 уреди продадени во првиот викенд од продажбата