hero-zack-620x413

Се работи за неофицијални информации кои што се добиени од страна на MixPanel, компанија чија што SDK алатка е во голем број од апликации кои што се користат од страна на корисниците на уредите. Намената на тоа е водење на статистики од страна на програмерите, меѓутоа MixPanel има можност со тоа да дојде и до статистики како уредите на кои што се користат апликациите. За точната бројка на продажби сепак ќе почекаме уште одреден период, по што од Apple ќе излезат со официјални информации.

Според бројките кои што ги објавуваат од MixPanel, бројки кои што се ажурираат секој час, може да се види дека помалиот од двата модели е многу попопуларен од Plus моделот. Да ве потсетиме, iPhone 6 доаѓаа со 4,7 инчен екран, додека поголемиот Plus модел вклучува 5,5 инчен екран и влегува во фаблет категоријата која што треба да се покаже како доста популарна.

Бројките константно се менуваат, па кога ќе помине барем еден месец, можеби тие ќе бидат нешто поразлични од трендот кој што се покажува на почетокот. Разликата помеѓу двата модели варира, односно во одредени денови се намалува, додека во други драстично се зголемува во корист на помалиот модел. Денеска, односно во моментот на пишувањето на оваа статија, 2,37% од уредите кои што се користат се iPhone 6, додека поголемиот iPhone 6 Plus има 0,48%, што ја покажува големата разлика.

Времето кое што е поминато од почетокот на продажбата на новите iPhone модели е мало, а уште не е почната продажбата во поголемиот дел од светот. Овој тренд кој што е забележан изминатата недела, сигурно може да се промени и во најмала рака двата модели да се продаваат во сличен процент. Доколку се гледа и трендот, може да се види дека веќе започнува одредено приближување помеѓу нив.

Доколку би се решиле да купите некој од новите iPhone 6 модели, за кој модел би се одлучиле ?

Извор: MixPanel, TechCrunch

Претходна статијаSony Portable Short Throw ја претвора секоја површина во интерактивно ТВ
Следна статијаLettrs ја враќа магијата на старите писма
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.