seamless_xlarge

Apple ги претстави двата нови модели од својот познат iPhone, односно iPhone 6 и iPhone 6 Plus на настан кој што се одржа на 9-ти септември. Продажбата на овие уреди започна 10 дена подоцна, односно минатиот петок на 19-ти Септември во САД, Австралија, Канада, Франција, Германија, Хонгконг , Јапонија, Порторико, Сингапур и Британија. На 26-ти Септември продажбата треба да биде проширена во 20 дополнителни земји. Во остатокот од светот, односно во повеќе од 100 земји, новите iPhone модели ќе бидат достапни до крајот од годината.

Како и обично поради огромните продажби кои што ги прави Apple со своите производи и на почетокот од официјалната достапност, излегува со информации за тоа колку уреди се продадени првиот викенд. Двата нови iPhone 6 модели имаат направено продажба од повеќе од 10 милиони уреди, што е нов рекорд за компанијата. Претходните модели, односно iPhone 5s и 5c имаа направено продажба од 9 милиони во првиот викенд.

Сепак од компанијата не нагласуваат колку се имаат продадено двата уреди посебно, па бројката од 10 милиони е за двата уреда вкупно. Денеска можевме да прочитаме дека помалиот модел, односно 4,7 инчниот iPhone 6 се продава многу повеќе од поголемиот 5,5 инчен iPhone 6 Plus модел. Од Apple ја немаат потврдено оваа бројка, па остануваме само со информациите за вкупната продажба, од која што може да се заклучи дека корисниците се’ уште остануваат заинтересирани за производите од компанијата и покрај огромната конкуренција.

Се поставува прашањето дали корисниците реагираат позитивно на зголемувањето на екраните на iPhone, кој што беше споредуван со Android конкурентите и нивните многу поголеми екрани. Дали доколку од Apple одлучеа да останат со помалите модели, продажбата повторно ќе беше во овие граници.

Извор: Apple, Ubergizmo

Претходна статијаLettrs ја враќа магијата на старите писма
Следна статијаНови серверски чипови Xeon на Intel за уште побрзи центри за податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.