Изгледа Instagram Stories се толку популарни кај корисниците, што од компанијата имаат помислено дека целата апликација може да е подобро доколку наликува на овие “приказни”.
Поточно, тие како тест на одреден број на корисници им имаат вклучено промена во начинот на којшто се прави навигацијата низ сликите на главата страна од апликацијата. Па така, наместо класичното прикажување во вертикална листа, сликите биле поставени хоризонтално, односно од лево кон десно.
За нивно разгледување, исто како кај Stories, корисниците треба да притиснат на десната страна од сликата, по што се прикажува наредната.
Иако ова е нешто кое јас би сакал барем да го пробам, повеќето корисници на кои им била вклучена оваа нова поставеност реагирале прилично негативно. Има повеќе објави на Twitter од кои се гледа целосно негативната реакција.
Од Instagram по ова истакнуваат дека се работи за тест, меѓутоа по грешка пуштен на поголем број на луѓе од што било планирано. Дали е навистина така или негативните реакции мораа да повлечат и ваква “смирувачка” реакција, не знам.
Како и да е, изгледа дека вакво нешто наскоро нема да видиме, а има информации дека овој начин на навигација може да биде воведен само за Explore делот, каде верувам дека не корисниците нема нешто посебно да им пречи.