Greenshot_02

Колку пати ви се појавила ситуација во која треба да ископирате дел од приказот на екранот за да му укажете на некој што треба да види или направи, место да објаснувате со брда текст? Ако не сте користеле некоја алатка досега веројатно сте правеле Print Screen па paste во Paint, па сечење на делот кој ви е потребен, па Save As…

Greenshot е програм кој ви овозможува да избегнете барем неколку чекори од овој процес. Програмот е бесплатен, со отворен код, и за Windows, но е добро изработен и полн со опции во врска со оваа задача. Тој обично се врзува за копчето Print Screen на тастатурата (што можете да го промените). При притискање на ова копче вашиот глушец се претвора во „мета“ со која можете да одберете кој точно простор сакате да го преземете од екранот.

По одбирањето се појавува мени кое ви нуди неколку опции за зачувување и уредување на сликата. Можете да ја зачувате на посебна локација (Save As…), на стандардно место, да ја уредите со уредувачот на слики од самиот програм или со Paint, да ја закачите директно на Imgur… опциите се бројни и јасни, што овозможува брзо и лесно користење на овој програм.

Greenshot_01
Менито на Greenshot за преземање на регион

Ако кликнете со десното копче на неговата икона во лентата на програми ќе можете да одберете и други опции за преземање содржина, како што се преземање на некој посебен прозорец, на целата површина, на последниот регион итн. Дополнително, ваму можете да ги нагодите претпочитувањата за тоа како да работи програмот.

Програмот работи одлично и брзо, не го кочи компјутерот и не зема премногу меморија, а во комбинација со неговата цена и принципот на отворен код сметаме дека е одличен додаток за вашето секојдневно работење.

Извор: PCWorld, CNet

 

Претходна статијаBoeing патентираше заштитен систем за оклопни возила налик заштитно поле
Следна статијаСпоред најнова студија, LHC би можел да открие дополнителни димензии