Google официјално ја претстави најновата верзија од Android оперативниот систем, Android 5.0 Lollipop, минатата недела заедно со претставувањето на новите Nexus 6 и 9 мобилен телефон и таблет компјутер. Надградбата на најновата верзија од Android, како и обично, може да ја очекуваат корисниците на постарите Nexus уреди, како и корисниците на поновите телефони од другите производители. Корисниците на Nexus уреди надградбата на Android 5.0 треба да почнат да ја добиваат од идниот месец, додека останатите ќе треба да причекаат повеќе.

Како што тоа го направи веќе со неколку апликации, а ќе продолжи и со останатите, Google ќе претстави нова верзија од Gmail апликацијата која што треба да биде направена во таканаречениот Material дизајн кој што беше претставен и ќе се користи во новата Android верзија. Новата Gmail апликација не е уште готова и пуштена за корисниците, но од Android Police како и многу пати до сега, имаат дојдено до видео на кое што може да се види како ќе таа ќе изгледа.

Меѓутоа она што е интересно во видеото не е новиот дизајн, кој што веќе го имаме видено на другите апликации и во основа знаеме што може да се очекува. Доколку видеото се покаже како точно, Gmail од наредната верзија ќе ја прошири поддршката за email сервиси, односно ќе можете да проверувате и други сервиси покрај тој од Google. Поддршката треба да биде проширена на Yahoo и Outlook.com сервисите, а можна е и поддршка за ActiveSync протоколот.

Дали ова значи дека Google планираат да остават една апликација наменета за email, односно дали ќе престанат со развојот на вградената Email апликација ќе видиме по официјалното пуштање на новата верзија од Gmail. Како и да е, ова е навистина добра одлука која што ќе ви овозможи едно централизирано место за вашата email комуникација, наместо користењето на повеќе апликации.

Извор: Android Police, The Verge

Претходна статијаFacebook активно скенира за украдени лозинки, ве информира доколку ја најде вашата
Следна статијаКреаторот на Facebook Like копчето објаснува зошто никогаш нема да има Dislike копче
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.