facebook-like-button

Bret Taylor, бившиот главен технички директор во Facebook и креаторот на познатото Like копче, во разговор со порталот TechRadar објаснува за процесот на креирање на копчето, неговата намена и објаснува зошто не треба да очекуваме воведување на Dislike копче.

Like копчето го знаете сите и го користите со години. Во главно е наменето кога сакате да кажете дека ви се допаѓа тоа што е објавено кога немате што повеќе да кажете. Како што истакнува и Bret Taylor: „Причината поради која што воопшто го претставивме копчето беа големиот број на ситуации кога луѓето сакаат да означат нешто што некој го има направено, но немаат ништо да кажат за тоа. Имаше многу коментари кои што беа составени од еден збор како „cool“ или „wow“, па Like копчето им овозможи на луѓето да го направат тоа со еден клик. Не беше само покажување на допаѓање на нешто.“

Меѓутоа со тек на годините и развој на мрежата, почна да се појавува поддршка за воведување на Dislike копче. Ова копче корисниците го бараат за ситуациите кога е објавено нешто тажно, на пример, па Like копчето не е соодветно, а повторно постои ситуацијата кога немаме што да кажеме на темата. Исто така, голем број на корисници би сакале да притиснат Dislike на објави кои што ги сметаат за нелогични, лоши и слично, односно сакаат да го покажат нивното несогласување со објавеното.

Меѓутоа Facebook сака да останете позитивни кога се работи за користењето на мрежата. Бројот на активни корисници многу пати е истакнато дека е под директно влијание на искуството кое што тие го имаат на мрежата, а добивањето на голем број на Dislike-ови, сигурно нема да им се допадне на корисниците кои што често објавуваат нешто само поради добивањето на голем број на лајкови.

Bret Taylor исто така истакнува: „Dislike копчето беше тема на разговор многу често. Всушност, дури и јазикот на зборот Like беше нешто за кое што исто така имаме доста разговарано. Но што се однесува до dislike копчето, главната причина е што во контекстот на социјалната мрежа, негативноста на копчето има многу несакани последици. Имам чувство дека доколку има dislike копче ќе завршите со овие многу негативни негови социјални аспекти. Ако сакате да притиснете dislike на нешто, тоа треба да го направите со коментар, затоа што сигурно има збор за тоа што сакате да го кажете“.

Дали се сложувате со овие коментари и дали вие би сакале да има dislike копче на Facebook ?

Извор: TechRadar

Претходна статијаGmail 5.0 со новиот Material дизајн и поддршка за Yahoo и Outlook.com
Следна статија10-те најбарани функции за Windows 10
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.