Firefox прелистувачот со својата најнова верзија, односно верзијата 127, донесува новина која треба да ја подобри приватноста на корисниците кога се во прашање нивните зачувани лозинки на овој прелистувач. 

Поточно, корисниците на Windows и macOS за да пристапат до своите лозинки во Firefox или да ги искористат на некоја страна, ќе мора да ја внесат лозинката од нивниот оперативен систем, односно да го искористат системот за заштита. 

Доколку ги имаат вклучено функциите за отисоци од прсти, скенирање на лицето или само пин код, истото ќе може да се искористи за пристапот до лозинките на Firefox. 

Со други зборови, овој систем корисниците веќе го користат кога треба да ја искористат нивната платежна картичка, на пример, како додатен начин на заштита со повторно најавување. 

Од Mozilla добро потсетуваат дека за најдобра заштита на лозинките во Firefox, се препорачува корисниците да користат и главна лозинка која посебно ги шифрира зачуваните лозинки и е потребна за да воопшто може да бидат дешифрирани. 

Оваа лозинка не се чува на дискот од компјутерот, па е многу потешко да се добие пристап до зачуваните лозинки без дозвола од корисникот.

ИЗВОРBleeping Computer
Претходна статијаНеколку мали новини доаѓаат кај Старт менито и долната лента во Windows 11
Следна статијаiOS 18 донесува нови ограничувања за полнење на батеријата поради нејзина заштита
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.