Dynamic Island е една од главните новини која дојде како дел од новиот исечок кај iPhone 14 Pro серијата. Оваа нова функција ги става некои од известувањата, како и можните активности од апликациите околу новиот исечок, со интересно направени анимации и со тоа овој празен дел го прави повеќе корисен.

Новата функција веднаш беше критикувана и исмејувана од страна на Android корисниците, иако веднаш можевме да видиме како истата е рекреирана од страна на програмер кој работи на теми и апликации за Xiaomi.

Исто така доста очекувано, сега ја гледаме и првата апликација во Play Store која им го донесува на Android корисниците Dynamic Island. Апликацијата е наречена Dynamic Island – dynamicSpot и функционира преку додавање на неколку функции во горниот дел од екранот, односно околу предната камера за тие телефони кои ја имаат.

Од апликацијата дури се истакнува дека за разлика од Dynamic Island, со истата може да се прават повеќе прилагодувања, нешто што секогаш е карактеристично за Android платформата.

dynamicSpot им овозможува на корисниците да ја контролираат својата апликација за музика, да ги гледаат „тајмерите“, статусот на батеријата, но се најавуваат повеќе можности за иднина, а апликацијата сепак уште е во бета верзија.

Претходна статијаiPhone 15 Pro Max ќе биде наречен iPhone 15 Ultra и ќе дојде со USB-C приклучок
Следна статијаНово видео од Google го прикажува дизајнот на Pixel Watch
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.