Една од главните новини која беше претставена како дел од новите iPhone 14 Pro уреди, беше интересната и уникатна „Dynamic Island“ функција. Dynamic Island воведува анимации околу новиот и помал исечок кај iPhone 14 Pro, истите се навистина добро смислени, а прикажуваат информации од одредени известувања, активни „тајмери“, пуштени песни и слично.

Очекувано, веднаш по претставувањето на новите телефони од Apple, Dynamic Island функцијата ја гледаме рекреирана на Android.

Поточно, се работи за програмер кој развива теми за MIUI од Xiaomi, па иако тоа што тој за кратко време го има направено, не ни може да се очекува дека ќе биде исто како кај Apple, сепак покажува дека може да се очекува нешто слично и кај Android телефоните.

Резултатот од „играњето“ со една функција како Dynamic Island е објавен на Twitter во кратко видео кое можете да го погледнете во продолжение.

Со оглед на тоа дека не се работи за програмер од Xiaomi, ова не е нешто на кое од компанијата официјално работат. Нема информации дали тие би сакале да ги прифатат овие промени, но сега за сега веруваме дека шансите се мали, но може во иднина да се очекува нешто во овој правец.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаGoogle ги прикажа „виџетите“ од нивните апликации за новиот „заклучен екран“ на iOS 16
Следна статијаThunderbolt ќе го добие истото подобрување на брзината од 80Gbps како USB4 2.0
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.