Фото: Shutterstock.com

По презентацијата на USB4 2.0 и брзината од 80Gbps, сега и Intel излезе со истото подобрување кај нивниот Thunderbolt стандард. Intel ја покажа новата брзина на презентација во Intel Development Center во Израел за време на Technology Tour 2022.

Брзината е постигната преку USB-C кабел и користење на две Thunderbolt ленти по 40Gbps. Ова е дупло од брзината која ја има моменталниот Thunderbolt 4 стандард, а ист беше случајот и со USB4 2.0, кој ја дуплира брзината од претходната генерација.

Intel уште нема излезено со име за новата генерација од Thunderbolt, но има време до официјалното претставување.

USB4 2.0 се очекува дека официјално ќе биде претставен во ноември, па иако нема информации за истото од страна на Intel, би требало да го довршат својот стандард до крајот на годината.

Предноста која доаѓа со овие нови брзини се сведува на можноста за поврзување на повеќе монитори со 4К резолуција, побрз пренос на податоци од периферните уреди и слично.

Очекувано, овие нови подобрувања најмногу ќе им направат разлика на професионалците, односно корисниците кои работат со повеќе монитори, а тука се секако и гејмерите.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Tom's Hardware
Претходна статијаРекреиран новиот Dynamic Island од iPhone 14 Pro на MIUI од Xiaomi
Следна статијаМнозинството од акционерите на Twitter ја одобрија понудата од Елон Маск за купување на компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.