Првиот паметен часовник од Google конечно ќе стигне на 6. октомври, за време на официјалното претставување на Pixel 7 серијата. Од компанијата веќе го прикажаа часовникот, па знаеме и што да очекуваме, но како и секогаш, се остава доволно и за настанот кој претстои.

Google пушти уште едно видео на кое нешто повеќе се прикажува Pixel Watch, неговиот дизајн, достапните ременчиња, како и дизајнот на различните „лица“ кои ќе можат да се поставуваат.

Во видеото се потсетува и на интеграцијата која ќе ја има со Fitbit, нешто што е посебна карактеристика на Pixel Watch и се чека на истата уште од купувањето на компанијата од страна на Google.

Тоа што сепак малку разочарува на инаку одличниот и класичен, минималистички дизајн, се големите рамки околу екранот со што со право некои го нарекуваат одличен часовник за пред неколку години.

Видеото е во продолжение, па самите заклучете дали би го избрале овој часовник наспроти Apple Watch, Galaxy Watch, Huawei Watch и сличните.

Претходна статијаdynamicSpot го донесува Dynamic Island кај Android корисниците
Следна статијаNASA за првпат ја тестираше можноста за одбрана на Земјата од астероид
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.