После голем број на неофицијални информации, меѓу кои и слики, Google конечно го потврди постоењето на Pixel Watch. Од компанијата не го претставија целосно часовникот, односно само го најавија и го прикажаа, па останува во периодот што следи да ги видиме сите информации поврзани со него.

Сега го имаме изгледот и дел од неговите карактеристики, па може да се каже дека е и доволно за да може да се почне да се размислува дали вреди да се купи.

Pixel Watch е првиот часовник целосно развиен од страна на Google. Тој има прилично едноставен дизајн, што е позитивно и ќе може да помине како обичен часовник кој може да се носи во секакви ситуации.

Стилот кој го избра Google, како што видовме и од неофицијалната слика, е кружен, нешто што како концепт го користат повеќето Android производители, за разлика од Apple.

Од тоа што може да се види, се работи за доста добра изработка, со заоблен екран кој остава впечаток како да нема рамка околу екранот.

На страната е поставено едно кружно копче со кое може да се контролира часовникот, а ова е уште една карактеристика која може да се спореди со Apple Watch.

Pixel Watch очекувано ќе дојде со повеќе Fitbit фитнес функции, а Google ја купи оваа компанија во 2019 за 2,1 милијарди долари. Доста време помина додека корисниците видат некаков резултат од оваа зделка.

Часовникот ќе работи на нова верзија од Wear OS од која може да се очекуваат доста подобрувања по соработката која ја започнаа минатата година Google и Samsung.

Претходна статијаРСБСП: Потпишување на декларација за безбедност на децата во сообраќајот
Следна статијаПријави го својот тим на глобалниот младински предизвик – Генерација без граници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.